За ноќва и утре изутрина најавени најниските температури зимава

104
Минималните температури во текот на претстојнава ноќ и утре изутрина ќе достигнат од -18 до -7 степени, додека во текот на денот ќе достигнат од -7 до пет степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До сабота во земјата ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до еден степен.

Снег има на повеќе места во земјата и тоа најмногу 55 на Попова Шапка, 40 во Маврови Анови, 38 во Крушево, 32 во Битола, Пожаране и Тополчани, 30 во Дебар, 25 во Тетово и Претор, 24 во Прилеп, 23 во Штип и Демир Капија, 22 во Берово и Ѓуриште, 18 во Охрид, 15 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 10 во Струмица, 9 во Куманово, 8 во Виница, 6 во Скопје-Зајев Рид.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Виница девет литри на метар квадратен, како и и во Демир Капија и Маврово седум.