Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија

708

Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија ќе биде претставен денеска во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како дел од BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации.

Релевантни претставници раководители на програмите за финансирање од ЕУ фондови ќе ги претстават можностите за финансирање кои компаниите може да ги користат и детално ќе ја образложат постапката и одговорат на прашања од бизнис заедницата.

На настанот ќе присуствуваат и компании членови на сојузот, а целта е детално запознавање со ЕУ Програмите и како истите да ги искористат за развој и идни инвестиции.

Пред присутните свои обраќања ќе имаат Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и Ксенија Вангелова, директор на BIC SR.

Можноститите и условите за користење на ЕУ фондови ќе ги презентираат директорот на Finnova Хуан Мануел Равуелта Перез и  Луиџи А. ДелАквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.