Рускиот претседател Владимир Путин им ги додели сребрените медали на хрватските фудбалери, а меѓу нив и на Домагој Вида.
Хрватите во финалето на Мундијалот загубија од репрезентацијата на Франција со резултат 4:2.
За потсетување, по натпреварот од 1/4 финалето против Русија (2: 2, 4:3 на пенали) Вида и заедно со членот на хрватската делегација Огњен Вукојевиќ снимија видео на кое извикуваат: „Слава на Украина“ и ја посветија победата на таа земја.
Подоцна двајцата се извинија и објаснија дека немале намера да ја навредат Руисја, туку чинот го сториле од почит кон своите клупски пријатели од Украина.