Прва објава на Даниjела Мартиновиќ по написите дека се разделила од Петар Грашо

606

Пред неколку дена како бомба одекна веста дека хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата партнерка Данијела Мартиновиќ ја раскинале врската по 24 години.

Со оглед на тоа што Петар и Данијела ја криеја својата приватност од медиумите, ова вест ги изненади нивните фанови и обожаватели.

ФОТО: СТОРИ АРХИВА

Претставникот за медиуми на Петар Грашо потврди дека парот веќе некој период не живее на иста адреса.

Данијела и Петар досега не се огласуваа на социјалните мрежи се до сега кога пејачката ја објави првата објава по написите дека е слободна.

Имено, Мартиновиќ кратко се обрати на Инстаграм и на своите пријатели им го честиташе празникот „Свети Дује“.

„Драги мои сограѓани, среќен нека ви е „Свети Дује“, рече Данијела со насмевка на лицето.

Исто така, пејачката на својот Инстаграм објави дел од својата нова песна „Љубав не одустаје“, а во описот напиша: „Дека љубовта не се откажува ми покажавте вие, од кога излезе песната пред два дена, постојано ми пристигнуваат ваши пораки. Ви благодарам што ја слушате, гледате, пеете каде и да сте. Ви благодарам 319.626 пати“.

Потсетуваме, Петар и Данијела поминаа 24 години, од врската немаат заеднички деца.