Проверете дали сте еден од среќниците: Извлечени добитниците на по 20.000 денари од наградната игра МОЈ ДДВ

746

Вечерва лотаријата ги извлече добитниците на наградната игра МОЈ ДДВ. Лотото се емитуваше на Канал 5.

Граѓаните кои скенираа сметки, покрај тоа што добиваат поврат на ДДВ, учествуваат и во наградната игра.

Вечерва беа доделени 15 награди по 20.000 денари, а добитниците се следниве:

1. Ивана Митрески, Неготино; 2. Весна Стаменковска Митковска, Скопје; 3. Станко Јовановски, Македонска Каменица; 4. Татјана Гнип-Катароска, Прилеп; 5. Ѓоре Гиновски, Охрид

6. Габријела Николиќ, Скопје,; 7. Нели Нелковска, Ресен; 8. Неџмије Алиу, Тетово; 9. Татјана Руневска Ѓоргиевска, Скопје; 10. Сања Станишковска, Куманово

11. Александра Смилевска, Скопје; 12. Игор Цветковски, Скопје; 13. Марко Наумовски, Скопје; 14. Елена Катранова, Велес; 15. Ивана Митковска Теовска, Скопје.

Добитниците би требало да бидат известени преку нивната апликација “МОЈ ДДВ”, а и да бидат објавени на официјалната веб страница на државната лотарија.

Инаку во ова денешно 9-то коло учествуваа вкупно 20.064.362 фискални сметки, кои биле скенирани во периодот од 1.10.2020 до 31.10.2020.

Следното коло ќе биде последно и тогаш ќе биде извлечена главната награда.