Загрозениот вид Балканскиот рис, деновиве повторно е фотографиран во Националниот парк „Галичица“, каде не беше забележан со децении. Како што информира Македонското еколошко друштво, рисот е фотографиран од камера-замка која е поставена во рамки на истражувањата кои се спроведуваат во Преспанскиот регион со проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа.
По подолго време балканскиот рис за прв пат беше забележан на Галичица во средината на октомври оваа година, благодарение на опремата која беше инсталирана во националниот парк во близина на репроцентарот за европски елен.
Балканскиот рис е критично загрозен вид. Бројот на возрасни единки кои се способни за репродукција е помал од 50 и, според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата, тој е на праг целосно да исчезне од нашата фауна. Причина за тоа се криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништување и фрагментација на неговите живеалишта.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













