Проклетството продолжи за светскиот првак: Германија си оди дома!

672

Сензација на Мундијалот во Русија – светскиот шампион Германија не успеа да ја мине групната фаза, а денеска ѝ пресуди селекцијата на Јужна Кореја со триумфот од 2-0!

Проклетството на светскиот шампион продолжува – по Италија во 2010 и Шпанија во 2014, актуелниот светски шампион испадна во групната фаза и на овој Мундијал, па фудбалот ќе добие нов владетел!

Кобна за Германија денеска беше Јужна Кореја, која го доби натпреварот со два гола во финишот на натпреварот, иако Германците доминираа и имаа низа шанси при 0-0 кои не ги искористија.

На Германците во полза им одеше и резултатот на вториот натпревар, каде Шведска го совлада Мексико со 3-0, па така Мексиканците висеа до последен момент, бидејќи со триумф на Германците ќе беа елиминирани.