Прогласена најуспешната земја на светот: Не е САД, ни Германија ниту Јапонија, а ова е тајната на нејзиниот успех

801

Кога оваа земја беше во рецесија, Советскиот Сојуз се уште постоеше, а интернетот се уште не беше појавен, пишува угледниот “Економист” во серија текстови за Австралија.

“Економист” пишува дека ниту една земја од групата на богати земји освен Австралија не успеала толку долго да расте, и според тоа заклучува дека токму оваа држава е најуспешната земја на светот. Угледниот неделник објавил графици кои го прикажуваат континуираниот раст од 1991 година, кога Австралија излезе од рецесија. Но, оваа држава е уште поимпресивна во другите сегменти.

Додека во голем број богати земји платите стагнираат, во Австралија тие моќно пораснале, иако тоа е значително помалку во последните неколку години. Проблемот кој во многу земји предизвика разни негативни политички појави, како популизмот, во Австралија едвај постои.

Но, тоа не е единственото нешто по кое оваа држава се истакнува.

Додека државите ширум светот пробуваат да ја спречат имиграцијата, Австралија прима до 190 илјади нови жители годишно, речиси три пати повеќе, ако во обѕир се земе бројот на жители кои годишно ги примаат Соединетите Американски Држави.

Толерантноста кон дојденците би можела да биде одраз на успешноста на оваа земја, пишува “Економист”. Јавниот долг изнесува само 41 отсто од БДП и е еден од најниските помеѓу развиените земји.

Австралискиот здравствен систем е хибрид на приватно и јавно здравство. Државата пружа основна заштита за се’, плаќајки надомест на клиниките и болниците за секој извршен зафат, а оние кои сакаат повеќе од основната заштита, дополнително плаќаат за тоа. Австралија ги поттикнува граѓаните да вложат во приватно здравствено осигурување кое гарантира пониски цени отколку цените во клиниките.

Што се однесува до пензиите, државата сноси релативно мал дел на трошоци, што е далечен сон за многу развиени земји.

Но, “Економист” пишува и дека, секако, не е се’ совршено. Неделникот ја истакнува вообичаената загриженост дека австралиската економија е премногу врзана за Кина, која е најголем купец на австралиските минерали. Луѓето се плашат дека, доколку падне кинеската економија, со неа ќе се сруши и австралиската.

Исто така, се споменуваат и проблемите поради тоа што многу Абориџини се доживуваат како национална срамота, како и проблемот врзан со емисијата на штетни гасови.