Познатиот фолкер призна дека ја има фатено својата девојка како го ИЗНЕВЕРУВА – и тоа не било која девојка! (фото)

672

Пејачот Слободан Радановиќ неодамна зборуваше искрено за својот љубовен живот, па призна дали некогаш бил изневерен.

Како што веќе знаат и врапчињата на гранките, пејачот во ријалитито ја измами тогашната сопруга Кристина Кија Коцкар, и тоа со победничката во шоуто, Луна Џогани. Тој сега призна дека и него го изневерувале, и тоа не било која девојка, туку неговата прва љубов во животот.

„Беше тоа во младоста, мојата прва девојка ме изневери и тоа пред мои очи. Се свртев и си заминав, повеќе се исплаши тоа момче“, изјави Слоба во емисијата „Магазин Ин“. Тој меѓу другото зборуваше и за неговото неверство, но откри и што мисли за ситуацијата со пејачката Љупка Савиќ.

Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ

„Јас би ја голтнал кнедлата и би молчел. Виновен сум нема што. Генералот Симиќ и јас сме одлични, се жртвуваше што се однесува и до Љупка. Јас признав кога бев виновен, а сега и тој е виновен“, вели Слоба и доби аплауз.

Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ

Инаку Слоба важи за еден од омилените пејачи на многу жени од овие простори. Тој води сметка за својот изглед и секојдневно напорно тренира, што можеме да видиме и од неговите фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ

Имено, тој не ретко објавува фотки од кои се гледа дека покрај пеењето ужива и да тренира, а ако споредиме со тоа како изгледаше во ријалитито, повеќе од очигледно е дека трудот му се исплати.

Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ

Пејачот сега е во врска со Јелена Ѓуричанин со која наскоро би требало да застане и на лудиот камен.

Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар

Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ

Што се донесува пак до неговата поранешна сопруга, Кија Коцкар, таа се уште му нема простено за неверството.

„Се омажив за идиот. Јас сега на тоа гледам како на некоја врска, нешто што поминало. Од сето тоа извлеков само скршено срце и тоа е тоа, другото не ме интересира“, изјави таа.

„Јас во мојот брак не би можеле да грешам душа, немав никакви ограничувања, ниту пак тој имаше. Видов дек се изневерени и жените кои и те како се пожртвувани, кои се постојано дома, а мажот брка спонзоруши. А имате и мажи кои пак се оженети со нив, кои сакаат да бидат доминанти, па потоа брка некаде да се докаже бидејќи има комплекси од таквата жена“, изјави Кија во едно свое интервју во врска со неверството на својот поранешен сопруг.

Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слободан Радановиќ