Марка распука по играчите на Реал: Овие фудбалери предолго се криеја зад Роналдо

153
Real Madrid's Brazilian forward Vinicius Junior (3L) vies with Barcelona's German goalkeeper Marc-Andre Ter Stegen during the Spanish Copa del Rey (King's Cup) semi-final second leg football match between Real Madrid and Barcelona at the Santiago Bernabeu stadium in Madrid on February 27, 2019. (Photo by JAVIER SORIANO / AFP)

Барселона не блескаше, но го победи Реал со 3-0 и обезбеди пласман во финалето во Копа Дел Реј, шеста година по ред.

Можеби Реал беше подобар тим, особено во првото полувреме, но не успеа да постигне гол, промашувајќи притоа најмалку четири стопроцентни шанси. На мадридските медиуми не им се допадна конечниот исход, па во анализа на Марка, новинарот Марко Хуго Серезо излезе со жестоки критики за фудбалерите.

„Еден гол во 180 минути е премалку ако сакаш да ја елиминираш Барселона. Винисиус многу промашуваше, но тој е млад и не треба да се обвинува. Карим Бензема е само една шанса, Лукас Васкес не е човек за голови, а Герет Бејл беше на клупа. Не вперуваме во прст во никого, но факт е дека овие фудбалери често се скриеја зад Роналдо и дека зависеа од него. Без Кристијано Роналдо можат да се простат од некој голем трофеј“, напиша Серезо.