Претседателката Гордана Силајновска Давкова ги одбра првите луѓе во нејзиниот кабинат. Генерален секретар ќе биде дипломираниот правник Ѓорѓи Божинов, а негов заменик новинарот Горан Момировски.
Во сивито на Божинов стои дека тој има 30 годишно работно искуство како правник во министерството за земјоделство, во програмите нза финансиска поддршка, бил дел и од процесот на јавните набавки, но и во области поврзани со реформите за влез во Европската Унија. Момировски е познат на јавноста, како новинар – уредник и водител во неколку национални телевозии а бил дел и од јавниот сетвис. Во 1999 година, кога се случи бегалската криза а потоа и воениот конфликт во Мкаедонија во 2001 година Момировски е назначен за шеф на оделот за комуникации при Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Работел и како регионален координатор за комуникации на Црвениот крст. Момировски беше соработник на Силјановска и на претседателските избори во 2019 година.
Телевизија 24 стапи во контакт со новиот генерален секретар Божинов. Тој ни ги потврди информациите, и ни посочи дека во следниот период ќе бидат објавени и останатите членови кои ќе бидат дел од кабинетот на новата претседателка на државата.
Претходните членови на екс претседателот Стево Пендаровски, веќе си заминаа од Вила водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров се разрешени од функциите.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди имаа две средби за можно партнерство во новата влада. Неофицијално, министерските позиции ќе се знаат до крајот на идната недела. Не се исклучува можноста ВМРО-ДПМНЕ да иницира средба и со ЗНАМ на Максим Димитриевски, откако лидерот на партијата Христин Мицкоски веќе посочи дека очекува широка владина коалиција со две третини од пратениците во законосдавниот дом. Конститутивната седница пак би можела да биде одржана на 27ми мај.