Со достапноста на интернетот, имаме прилика да видиме бројни необични места ширум планетата и од ден за ден да гледаме колку нашата природа е неверојатна и совршена.
Ова се 3 необични феномени кои дефинитивно им пркосат на сите закони на физиката. Некои би рекле дека му пркосат дури и на здравиот разум.
Златниот камен во Мјанмар
“Kyaiktiyo Pagoda” или Златниот камен е гранитна мини карпа, тешка неколку тони, која успешно балансира на сам раб на провалија, а кога дува ветер таа се поместува. Веќе 2500 години делува како да ќе падне, но иако со ништо не е прицврстена, таа се одржува на работ.
идејќи овој необичен огромен камен им пркоси на законите на гравитацијата, локалното население го смета за специјално и затоа го прекриле со злато. Денес, каменот е еден од најголемите атракции во Мјанмар.
Уникатниот пат во Ерменија
Патот кон планината Арагац во Ерменија е познат како аномалија на гравитацијата. Локалната река тече под агол од 20 степени, а иако изгледа потполно рамно, сè што ќе пуштите по патеката ќе се стркала назад. Се верува дека овој пат е едноставна оптичка илузија, еднаква на фатаморгана во пустина.
Обратниот водопад на Хаваи
Водопадот Ваипугија на Хаваите е вистинско чудо бидејќи водата не паѓа надолу, туку тече нагоре! Сепак, мистеријата била решена со текот на времето – ветровите кои се сечат на ова место дуваат толку силно и во правец кој ја турка водата во воздухот, не дозволувајќи ѝ природен пат.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

