Деветмесечено бебе почина вчера во 8 часот наутро во Општата болница во Охрид.Тоа претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, односно во бесознание. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е предадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Според информации на Алсат лекарите еден час се обидувале да го спасат бебето но безуспешно. Од болницата и од итната медицинска помош не откриваат што се случило со бебето и кои се причините за смртта на новороденчето. Во период од само четири дена ова е втор случај на починато бебе во охридско-струшкиот регион, откако претходно на 14-ти месецов, во специјалната болница за ортоедија и трауматологија, Свети Еразмо во Охрид, почина седуммесечно бебе од струшко Вевчани.Тоа беше примено во болницата со хематоми на главата и внатрешно крварење. Според исказот на мајката тоа паднало од импровизиран кревет во семејниот дом.
ОЈО издаде наредби за утврдување на причините за смртта на бебето, за да се испита дали стручниот персонал од болницата, докторите од итната медицинска помош во Вевчани каде првично било донесено детето,постапувале согласно протоколите и процедурите.Прибавена е целокупната документација од болницата, а се вршат разговори со семејството и блиски лица.Исто така се проверува и медицинската историја на детето и на мајката.