Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенешката претседателка, Наташа Пирц Мусар.
Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.
Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.
Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.
Македонската претседателка вчера ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.
Таа се сретна и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината.
Претседателката Сиљановска-Давкова вчера попладнето одржа состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ го посети Македонското културно друштво.
Утре, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)

















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

