На прагот од својата 70 година, актерот е среќен и заљубен.
Актерот Дејвид Хаселхоф (68), овие денови живее мирен, пензионерски живот, шетајќи низ Калабасас, рака под рака со сопругата Хајли Робертс (41), а пред 20 години без телохранители не смеел да излеле на улица – толкава била неговата популарност.

Во 2000 година немало жена која што не воздивнувала по него. Баш во тоа време актерот го поврзувале со многубројни млади жени и заводнички на Холивуд.
„Долго сметав дека не е добро да се венчам со Хајли затоа што бев постар од неа. Не сакав да ѝ ја земам младоста, возбудувањето на заедничкиот живот, стареењето и децата. Заедно сме околу седум години и толку убаво си поминуваме. Сфатив колку ја сакам и колку станавме неразделни“, изјавил актерот.
Парот е во брак од 2018 година, а се венчале во Италија.

Инаку, Дејвид и Хајли се запознале во 2011 година, кога Хајли работела во шоу програма „Ти имаш талент“.
Додека шетал на улица, Хајли го замолила да се фотографираат. Таа работела и како продавачка во продавница.
Актерот има две ќерки кои што се малку помлади од неговата сопруга – Тејлор (30) и Хејли (27).










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











