Верниците од православна вероисповест денес го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.

Овој разник се вбројува во 36 големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви што го означува како тежок празник. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.
Овој ден празнично како раѓање на Марија официјално се празнува од 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.
Меѓу народот овиј празник познато е дека се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Има верувања дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.
На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.
Жените така денес не треба да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
Има многу верувања дека на Мала Богородица ништо не треба да се работат работи кои се работат со раце.
Денеска наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












