Пратеник во австрискиот парламент тестираше кока кола дали има коронавирус и тестот беше позитивен!

1300

Пратеникот на Партијата за слобода на Австрија, Михаел Шнедлиц остро ја критикуваше австриската влада за употребата на неверодостојни тестови при масовно тестирање на населението за коронавирус и тој го докажуваше своето тврдење со необичен гест.

Тој направи брз антигенски тест со “кока кола“ на говорницата во австрискиот парламент. Стави капка „кока-кола“ на тестот за корона, а резултатот беше позитивен.

На тој начин Шнедлиц сакаше да укаже на неверодостојноста на тестовите што се користат, а за чие купување Владата даде милиони пари на даночните обврзници, пишува австрискиот весник „Хојте“.