Потврда од ФФМ: Вардар ќе го добие шампионскиот пехар!

610

Најтрофејниот македонски клуб Вардар дефинитивно ќе го добие шампионскиот пехар за минатата сезона, откако црвено-црните завршија убедливо како првопласирани со двоцифрена предност пред ривалите до прекинот на сезоната.

ФФМ реши да ја исправи грешката и ќе им додели пехари за првото место на сите првопласирани екипи во сите конкуренции, па вчера Каменица Саса во женска конкурнција го доби трофејот, а во сабота на соседското дерби со Работнички на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе биде крунисан по 12-ти пат во својата историја. Трофеи ќе добијат и шампионите во футсал, како и првопласираните во двете второлигашки конкуренции. ФФМ уште викендов им најавил на вардарци дека ќе им го додели пехарот, кој пропушти да им го даде на првиот сезонски меч пред две недели на стартот на новата сезона.

„Вардар ќе добие пехар на следниот меч со Работнички викендов. Сите што беа првопласирани, во футсал, Прва и Втора лига, во женска конкуренција ќе добијат пехар за освоеното прво место за изминатата сезона“, ни изјави Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.

Вардар минатата сезона која се прекина и не се доигра поради епидемијата од коронавирус заврши по 23 одиграни кола на првото место со 10 бода повеќе од Силекс, а 11 од Шкендија, но црвено-црните поради финансискиот хаос и беспарицата извиси втора година по ред да игра во Европа, а речиси комплетниот тим кој изминатата сезона доминираше се распадна, па сега најтрофениот макеоднски клуб со скрпен тим ќе се измачува во новата сезона во која по три меча има два порази и еден триумф.

Од шампионскиот тим на Вардар кој веќе си замина моментно во тимот се Дарко Мицевски, Матеј Цветановски, Јован Попзлатанов, Фитор Реџепи, Давид Велковски и Филип Илиќ, кој беше резервен голман лани. Сите останати, од Филип Гачевски (без клуб), Владица Брдаровски (без клуб), Евгениј Новак (Колос, Украина), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија), Жуниор (Зарја, Украина), Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Али Адем (без клуб), Џемал Ибиши (Локомотива Загреб, Хрватска), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Леонид Игњатов (Хајдук, Хрватска), Бојан Димовски (Академија Пандев) си заминаа од тимот

ФФМ веќе го круниса женскиот првак Каменица Саса, која го крена пехарот викендов кога се играше второто коло од женската лига, на мечот со ЖФК Истатов кој го добија шампионките со 5-1. Претставникот на ФФМ, Куштрим Љума им го врачи трофејот на шампионките за минатата сезона.