NBA колумна на Димитар Младеновски-Сите размени на играчи и што се смени синоќа?

1057

Ноќеска беше последна шанса NBA тимовите да направат размена на играчи. Се случија неколку интересни промени кој (можеби не веднаш, но) во иднина и тоа како би имале големо значење.

Minnesota Timberwolves успеа да го доведе најдобриот другар на својот најдобар играч. Karl Anthony Towns се соеднини со D’Angelo Russell. Во спротивна насока (во Golden State Warriors) заминува поранешниот прв пик на драфтот, Канаѓанецот Andrew Wiggins кој ја има (статистички) најдобрата сезона во досегашната професионална кариера.

Можеби најбараниот играч од овој преоден рок, најдобриот играч на Detroit Pistons, центарот Andre Drummond заврши во Cleveland а во спротивна насока преминуваат (поранешниот играч на “клиповите”) Brandon Knight, крилниот центар John Hennson како и право на избор на пикови од втората рунда на драфтот во наредните години. Cavs-и добија сјајен играч за “џабе”. Шокантно делува како лесно тимот од градот на автомобилите се откажа од еден од најдобрите играчи во историјата на нивната франшиза.

Los Angeles Clippers направија трејд со New York Knicks. Во своите редови го добија Marcus Morris кој оваа сезона е најдобар стрелец во редовите на “Никси”. За него Клиперс-и се откажа од Mo Harkless и зиборот од првиот круг на драфтот.Во таборот на тимот од L.A. дојде и Isiah Thomas, за него Washington ќе го добие младиот и талентиран бек Jerome Robinson. Clips’ осетно се засилија со Morris, а информациите преку “големата бара” говорат дека не планираат да го задржат Thomas, иако само што го ангажираа.

Аndre Iguodala конечно има нов клуб. Miami Heat е нов дом на поранешниот најдобар играч во финалето. Меmphis го доби Justin Winslow како и проблематичниот бек Dion Waiters. Се засилија и со Сенегалецот Georgiu Deng кој го ангажираа од Минесота. Со доведувањето на “Iggy” како и дефанзивно ориентираниот Jae Crowder, управата на Miami (на чело со легендарниот Pat Riley) јасно даде на знаење дека силно верува во играчкиот нуклеус и моќта на тимот да се борат за влез во големото финале.

NBA FAN

Димитар Младеновски