Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани, урлаше поради броењето на гласовите по пошта: „Мислите дека сме глупави?“ (ВИДЕО)

587

Тесната трка за претседателското место во САД продолжува и во текот на денешниот ден. На Џозеф Бајден му недостигаат само шест електорски гласа за Белата куќа, но сѐ уште мора да се пребројат стотици илјади гласови во клучните американски сојузни држави.

Актуелниот претседател Доналд Трамп веќе неколку пати истакна дека смета дека броењето на поштенските гласови е проблематично и ги обвини демократите дека така сакаат да му ја украдат победата.

Неговиот адвокат Руди Џулијани вчера на собир на поддржувачи на Трамп во Филаделфија жестоко се нафрли на легитимитетот на дел од гласовите на американските избори.

„Мислите дека сме глупави? Мислите дека сме будали?“, викна тој.