Над 40 отсто Британци сакаат референдум за условите за Брегзит

257

Бројот на британските избирачи кои сакаат референдум за конечните услови за излезот на Велика Британија од Европската Унија за првпат ги надмина оние кои не ја поддржуваа оваа идеја.

Според анкета на социолошкиот инситут „Ју – Гав“ направена за весникот „Тајмс“ 42 проценти од британските избирачи сакаат референдум за конечните улови за каков и да е договор за Брегзит, 40 проценти се против таа идеја, а 18 проценти не можат да проценат.

Испитувањето е направено завчера и во средата и во него учествувале 1.653 лица.

Анкетата покажа дека 58 проценти од лабуристичките избирачи, 67 проценти од либаралдемократските избирачи и 21 процент од конзервативните избирачи поддржуваат спроведување на нов референдум.

На референдумот во Велика Британија одржан во јуни 2016 година 17,4 милиони избирачи или 51,9 проценти од учесниците во него гласаа за излегување од ЕУ, а 16,1 милиони или 48,1 процент гласаа за останување во Унијата.