Беше ѕвезда на спортот, а сега се занимава со друга професија – и не размислува да престане.
Словенката Луција Јаворчекова (28), шампионка во велосипедизам и една од најпопуларните спортистки во својата земја, одлучила да се „префрли“ на манекенството – и тоа со право.
Така ја започнала својата приказна пред три години. Веста која ги изненади многумина и алармираше колку всушност е мала заработката во женскиот спорт. Токму поради тоа оваа убавица стазата одлучила да ја замени со модната писта.
Доколку судиме по актуелниот момент – не погрешила затоа што моментално на социјалната мрежа Инстаграм има милиони следбеници и заработува многу подобро отколку кога била спортистка.
„Таа редовно објавува фотографии и снимки со кои што привлекува огромно внимание и добива многу лајкови. Таа набрзо ќе стане кралица на интернетот“, пишува спортското издание на „Кориере“.
Оваа девојка исто така има и многу провокативни објави, како на оние кои што позира без градник…
Јаворчекова порано била прекрасна спортистка, но бидејќи во велосипедизмот не заработувала многу пари, Луција одлучила да заработува „од своето тело“ и тоа добро ѝ оди засега. Нејзиниот профил на Инстаграм многумина го сметаат за – најдобар.
„Никој не е толку атрактивен како Луција, најубавата спортистка на светот – презгодна е“, е само еден од коментарите под нејзините фотографии.