NBA колумна на Димитар Младеновски-Пол Џорџ во “српско издание” (ФОТО)

344

Ѕвезда на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ, е сликан како го чисти базенот пред својата куќа во шорцеви, во боите на знамето на Србија.Иако многумина се изненадија кога го видоа “Пи-Џи 13” во “гаќици” на нашиот сосед, има интересна причина зошто ова се случи. Неговата сопруга, Даниела Рајич (позната како “српската Ким Кардашијан”) е повеќе од горда на своите корени. Рајич стана популарна во С.А.Д. поради својот атрактивен изглед и контроверзно однесување. Порано работеше како егзотична танчерка и на тој начин стапила во контакт со 30 годишниот “All star”. Родена е во Њу Јорк, пред 30 години а нјезините родители се српски државјани.Даниела и Пол Џорџ имаат и една ќерка а се свршени од крајот на ноември минатата година. Фотографијата со својата нова љубов, ја објави токму познатиот кошракар пред неполна година.

NBA FAN

Димитар Младеновски