Премиерот Зоран Заев, гледајќи го натпреварот од Европското првенство во фудбал меѓу Македонија и Холндија, на својот профил на Твитер објавил дека заедно со Марк Руте навива за македонските репрезентативци, што предизвикало лутина кај Атина.
Во твитот на Заев пишува:
“Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот. Без разлика на резултатот од мечот, од денес МКД и NED се уште поблиски.”
Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. 🇲🇰⚽️
Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте – @MinPres за поканата заедно да го следиме натпреварот. Без разлика на резултатот од мечот, од денес #MKD и #NED се уште поблиски. pic.twitter.com/ne9WEtd7oC
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 21, 2021
Со наслов „Атина ги замрзнува меморандумите со Северна Македонија“, грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека станува збор за три меморандуми кои парламентот требало да ги ратификува идниот месец, на 10 јули, но дека сега процесот ќе биде одложен, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна. Повикувајќи се на владини извори, „Катимерини“ пишува дека грчката влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инциденти“ поврзани со Договорот.
Според официјална Атина, ова претстава непочитување на договорот од Преспа бидејќи Заев не го употребил уставното име на државата – Северна Македонија.
„Бараме целосна имплементација на договорот од Преспа и неговиот дух и го повикуваме господинот Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во чувствително прашање како што е фудбалот“, рекла портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони.