Црна Гора воведува седумчасовно работно време

803

Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување седумчасовно работно време.

-Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година, рече Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.

Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични и најави дека нема да бидат укинати, а нема да има укинување ни на Фондот за ПИО. Сепак, како што додаде, извесна е негова реформа.