Дритон Вејсели или Талат од „Преспав“ покажа како изгледа „земјотресно селфи“
Остануваат нешто помалку од два месеци до крајот на 2020та година, а дефинитивно оваа година ќе се памти.
Во светот завладеа пандемијата со коронавирусот, а со тоа ја промени нашата реалност, но ги стави и на пауза уметниците, музичарите, актерките.
Но, освен тоа што ни ја промени и реалноста, вирусот и однесе многу жртви.
Меѓутоа, тоа не е се. На лошиот период како да нема крај. Освен тоа што во Скопје е најголемиот број на заразани, Скопјани вчера ги разбуди силен земјотрес чиј епицентар беше во областа на Маврово.
За среќа, земјотресот не предизвика никакви штети, но ги разбуди и исплаши граѓаните кои го почувствувале.
Македонскиот актер Дритон Вејсели или кој е познат по неговата улога Талат во „Преспав“ на социјалните мрежи се пошегува и покажа како изгледа „земјотресно селфи“.
Имено, тој во кусите приказни на Инстаграм објави фотографија од себе која е замаглена и не се гледа ништо, а во описот напиша „земјотресно селфи“.
ФОТО: ИНСТАГРАМ/ДРИТОНВЕЈСЕЛИ
Веруваме, дека ова фотка ги насмеа неговите следбеници, а фановите на „Преспав“ едвај чекаат да започне новата, петта сезона на серијата чие емитување започнува во декември.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)


