Невреме доаѓа кон Македонија: Најнова прогноза за продолжениот викенд

1660

Времето денеска е сончево со умерена облачност, попладне во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и грмежи.

И утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

loading...