Пожарот на Канарските острови и понатаму е активен, поради што евакуирани се 10.000 лица, а го гасат повеќе од 1.000 пожарникари и припадници на службите за вонредна ситуација.
Како што пренесе „АП“, ситуацијата денеска е подобрена, ветрот послабм а температурата пониска.
Во пожарот на островот Гран Канарија досега изгореа над 12.000 хектари шума.
Претседателот на Канарските острово, Анхел Виктор Торес објави на „Твитер“ дека пожарот ја губи силата и дека срцето на островскиот главен природен резерват Тамабада останало неповредено.
Гран Канарија и главниот град Лас Палмас се познати по плажите и планините и се популарна туристичка дестинација за Европејците.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















