Била фатална блондинка во “Чуварите на плажата” покрај Памела, денес има 51 година и еве како изгледа

900

Актерката благодарение на пластичните операции изгледа како да не остарела ни еден ден.

Дона Дерико е американска актерка и модел, најпозната по улогата на Дона во славната серија “Чувари на плажата”. Иако зачекорила во шестата деценија, ретко кој според нејзиниот изглед би рекол дека станува збор за дама во средни години.

Од снимањето на серијата минале повеќе од 20 години, а убавата блондинка и натаму изгледа апсолутно исто, а би можело да се каже и подобро. Лицето, телото – се е на свое место, баш како што било и некогаш.

Со своите нови фотографии редовно ги воодушевува своите фанови, а актерката не крие дека зад нејзиниот совршен изглед и младоликост се задолжени пластичните операции кои ги направила.

“Родив две деца и имам 51 година. Слабеев, се дебелеев…сакав повторно да изгледам исто и сигурно во себе”, рекла таа потпирајќи се на пластичните операции на кои им го должи убавиот изглед.

Дона моментално се занимава со милионерот Доналд Фрајс Џуниор, и толку им е убаво што моментално се неразделни. Актерката пред оваа врска 11 години била во брак со Ники Сикс, со кого има и две деца.

Погледнете како пред две години Дона позирала на плажа во истото бикини како во “Чуварите на плажата”.