Со огромно жалење ја пренесуваме веста што длабоко нè потресе утрово. По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше.
Си замина уште една легенда на македонската музика и не постојат зборови кои можат да ја ублажат болката предизвикана од прераното заминување на овој голем музичар со големо срце.
Над дваесет години на заедничката музичка патека, Панчо и Андреј, познати како ДНК, оставија неизбришлив печат на македонската музичка сцена. Нивните песни не само што станаа евергрини туку и длабоко се врежаа во срцата на многумина, благодарение на емотивните стихови кои допираа до душата.
Изразуваме сочувство до неговото семејство и блиските.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















