Димитриеска Кочоска: Не потпишувам без да знам како ќе се трошат парите

69

Ниту блокирам, ниту ќе вршам опструкции, но немам намера да потпишувам бланко документи. Заменик министерката Димитриевска Кочовска ги отфрли обвинувањата од министерот Филипче дека ги кочи средствата од Светска банка во вредност од 90 милиони евра  кои биле неопходни за опремување на клиниките.  Вели дека ќе стави потпис откако ќе ги добие пресметките за тоа каде ќе бидат потрошени  парите.

Го повика министерот Филипче јавно да ги објави преписките.

Инаку министерот за здравство Филипче обвини дека заменик министерката за финансии Димитриевска Кочовска околу еден месец го кочи проектот за справување со корона вирусот односно за опремување на сите инфективни одделенија во државава со кревети, машини за сликање лабораториски капацитети. Тврди дека Кочовска неколку пати испратила барање до Министертвото за здравство за објаснување за што ќе бидат искористени средствата и исто толку пати и било одговорено.

Од 90 милиони евра од Светска банка 34 милиони се за министерството за здравство, а 54 милиони евра за труд и социјала.