Почина Индиецот , кој ги шокира западните доктори – 80 години не јадел и не пиел (ВИДЕО)

724
Индискиот јогин кој тврдел дека не јадел ниту пиел цели 80 години, и бил предмет на медицински истражувања, починал на 90-годишна возраст, објави неговиот сосед, според извештаите на медиумите.

Прахлад Јани, аскет со долга брада и прстен на носот моделиран по хинду-божица, е роден во селото Чарада во државата Гуџарат (западна Индија) и за време на неговиот живот тврдел дека престанал да пие вода и да јаде на 11-годишна возраст.

„Тој почина во вторникот наутро од старост во неговиот дом“, изјави неговиот сосед Шетал Чадури за АФП.

„Беше однесен во болница по полноќ, а дежурниот доктор го прогласи за мртов“, рече соседот.

Јани тврдеше дека како дете бил благословен од божицата и му биле дадени посебни знаења.

„Го добивам еликсирот на животот преку дупка во моето непце, што ми дозволува да живеам без храна и вода“, изјави тој за Франс прес во 2003 година.

Невозможно е да се провери дали јогинот земал храна и вода во текот на тие децении.

Невозможно е за лекарите човечкото тело да пости толку долго.

Со својот аскетизам, тој успеал да основа мала заедница на верници, а исто така го привлече вниманието на научниците. Индиските медицински екипи го набљудувале во два наврати во 2003 и 2010 година.

За време на спроведувањето на втората студија, тој бил постојано набљудуван од камери кои покажале дека тој издржал без храна и пијалок две недели и за тој период ниту уринирал , што ги зачудило лекарите.

„Тој феномен останува тајна“, изјавил неврологот од тимот лекари кои работеле на неговиот случај.