„Марка“ ја исмејува Барелона: Реална цел за нив е – Лигата на конференции

474

Барселона игра очајно на стартот од новата сезона во Ла Лига и моментално се наоѓа на очајното 9.место на табелата.

Каталонците изминатиот викенд загубија на гостувањето кај Кадиз со 2-1 и уште еднаш покажаа немоќ, недисциплина и недоволна борбеност. За весникот „Марка“ реши малку да го „трола“ гигантот од „Камп Ноу“.

„Ако во случај победникот на Купот веќе има обезбедно пласман во Лигата на шампиони или Лигата на Европа, тогаш седмото место на табелата ќе носи пласман во Лигата на конференции на УЕФА. Тоа значи дека клуб како Барселона би можел да игра во ова натпреварување ако заврши шесто или седмо место на табелата“,пишува „Марка“.

Секако пласман во Лигата на конференции би било огромно понижување за еден гигант како Барселона на која се навикнавме постојано да игра главна улога во Лигата на шампиони барем во последните 15 години.