По Македонците, Малески како Бугари ги распродаде и Делчев и Мисирков

476

Првиот министер за надворешни работи, Денко Малески продолжува со омаловажувањњто на Македонија и на Македонците.

Откако пред неколку дена во колумна наведе дека Македонците и Бугарите биле еден народ и оти Илинденското востание били обичен „бунт“ на бугарското население, Малески во изјава за бугарски медиуми сега ги бугаризираше и Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков.

На прашање на новинарот што биле Делчев и Мисирков, Малески одговара дека не постојат сомнежи дека тие биле „Блгари“.

Тој е „Блгарин, огигледно, вели Малески за Мисирков.

За Гоце Делчев пак вели.

Тоа е точно тој се определил како „Бларин“, тоа е така, не може да се порекне неговото бугарско национално чуство.

Малески дури и не го споменува зборот „Македонија“ туку говори за „неговата држава“ дека била во деликатна фаза пред почеток на преговорите со ЕУ и оти Бугарија може да го искористи правото на вето.
Треба да се соочаат со историската вистина дека сме биле еден народ- смета професорот.

Дека Малески никогаш не му пречело да биде на највисоки државни функции а при тоа воопшто да нема никаква верба во Македонија говори и академик Блаже Ристовски, непосредно пред да почине.

Ристовски , кој беше вицепремиер во првата експертска влада во 1991 година говори дека кога му понудиле да биде шеф на дипломатија тој прифатил но нагласил дека е против независноста на Македонија. Кога го напуштал состанокот со Ристевски на излегување рекол „независност но само без мене“.

Но, тоа што Македонија сепак станала независна не му пречело да ја прифати функцијата прв министер за надворешни работи во време кога нашата земја ја доби референцата „ФИРОМ“ во Обединетите нации.

Оттогаш до сега, Малески ниту еднаш не споменал дека Македонците се Бугари и нејасно е зошто дури сега се самоосвестил за неговите национални чуства.