Ќе гласам за доверба на владата, вели заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис од редовите на Независни Грци, во неговата писмена изјава до медиумите, јави дописничката на МИА од Атина.
-Длабоко сум уверен дека оваа влада треба да добие можност да ја заврши својата работа со низа големи реформи и закони кои ќе ја вратат во нормала земјата и ќе отстранат секакво сценарио за дестабилизација. Од оваа причина ќе дадам глас за доверба на владата, објаснува Кокалис во неговата писмена изјава.
Тој, заедно со неговата сопартијка, министерката за туризам Елена Кундура, се дел од владината делегација во Кина.
Двајцата министри од редовите на Независни Грци не присуствуваа на вчерашната прес конференција на Панос Каменос.
И министерката за туризам, претходно изјави дека ја поддржува владата, по што Каменос, преку неговиот официјален Твитер профил ги исклучи од пратеничката група на Независни Грци.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











