Москва и Вашингтон постигнале договор за одржување на самит меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјавил за новинарите помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
Тој истакнал дека местото и времето на средбата, Москва и Вашингтон ќе го објават утре, пренесува “Reuters”.
Ушаков само рекол дека самитот ќе биде одржан на заеднички усогласена локација во трета земја, како и дека за подготовката на средбата на двајцата претседатели потребни се уште неколку недели.
Тој на новинарите им се обратил по средбата на Путин со советникот на Трамп, Џон Болтон, во Москва.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, минатата недела изјавил дека посетата на Болтон на Москва е во рамките на подготовките за средба меѓу Трамп и Путин, до која треба да дојде во “не толку далечна иднина”.