NBA – Плејин и плејоф натпреварите стартуваат набрзо

174

Последниот ден од регуларниот дел во NBA, целосно ги распореди тимовите за првата рунда од плејофот сезонава. Подеднакво интересно е во двете конференции.На Западот, Лос Анџелес Клиперс ке се соочи со ланскиот противник, тимот на Далас Маверикс. Денвер Нагитс како третопласиран тим ке се судри со шестопласираниот Портланд, од кого (интересно) загуби токму синоќа со 132:116. Јута и Феникс како прв и втор тим по успешност ке ги чекаат своите противници по плеј-ин натпреварите каде ке се соочат ланскиот шампион Лејкерси против Голден Стејт како и Мемфис против Сан Антонио.

На Истокот, Филаделфија ја задржа челната позиција а Бруклин е второпласиран. Ланскиот лидер Милвоки во првата рунда се судира со тимот од кој беше елиминиран во претходното доигрување, вице шампионот Мајами Хит. Њу Јорк ке се судри со Атланта во дуелот помеѓу четврто и петто пласираните тимови. Бостон ке се бори со Вашингтон а Индијана со Шарлот во плеј-ин натпреварите.

NBA FAN

Димитар Младеновски