Пирло нападна новинар: Ајде кажи ми со кои фудбалери да играме на тие позиции?

80

Андреа Пирло не беше задоволен по ремито на Јувентус против Верона (1-1), а тоа беше јасно и по натпреварот кога влезе во вербална пресметка со новинар од „Скај Спорт“.

Новинарот го праша Пирло за некои негови тактички потези и го праша зошто некои фудбалери ги користел на погрешни позиции.

„Дел од фудбалерите ги прилагодив на новите позиции. Ако ви недостигаат четири бека, тогаш кажи ми што треба да направам?“, праша Пирло.

Новинарот од „Скај Спорт“ не се откажа од неговата замерка, па повторно го праша зошто Бернардески и Кјеза не биле на свои позиции во формацијата 3-4-2-1.

„Извинете, но кои фудбалери би ги играле вие во таа формација? Кјеза е напаѓачко крило, во таа улога играше многу натпревари. Бернардески секогаш игра добро на таа позиција“, одговори Пирло.