Се уште варира бројот на заразени од ковид-19 во Прилеп. Според информациите од општина Прилеп денеска се евидентирани пет нови случаи на ковид-19, а од оваа заразна болест излекувани се седуммина пациенти.
На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а поради потешка клиничка слика, еден од нив денеска ќе биде испратен на скопските клиники. Во делот за изолација има петмина пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 182 лица, а во изминатото деноноќие забележани се пет нарушувања на полицискиот час.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















