Ја заработил титулата “нај*екси дедо” и чека дете со двојно помлада девојка

764

Италијанскиот милионер и плејбој Џанлука Ваки (52) објавил дека чека дете со својата повеќе од двојно помлада избраничка Шерон Фонсека (25).

“Кога размислував за потенцијалната мајка на својот син, таа жена секогаш ги имаше карактеристиките на Шерон. Среќен сум што можам да ви кажам дека Шерон и јас чекаме бебе, а таа ќе биде точно таква мајка каква што секогаш сум сакал за своето дете”, рекол тој во видеото кое го објавил на Инстаграм.

Овој милионер ја заработил титулата “најсекси дедо на светот” на Инстаграм, а на оваа социјална мрежа го следат 15 милиони луѓе. Според “Daily Mail“, неговото богатство се проценува на околу 300 милиони долари.

Со Шерон е во врска од 2017-та година, а од претходната врска ја има ќерката Џинерва Мавила, родена во 2002-ра година.

Овој милионер на телото има голем број на тетоважи, а дури и на грбот се истетовирал самиот себе. Во главно се фотографира во шорцеви за капење или кратки панталони на јахти, покрај базен и слично.

Пред две години Ваки се нашол во проблеми бидејќи банката му ги запленила јахтите и недвижнините, како и акциите во голф-клубот поради долг од 10,5 милиони евра.

Ваки тој долг го нарекол “мал и неважен”.

Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследил богатството. Често настапува и како ди-џеј. Со семејниот бизнис почнал да се занимава на 25 години, откако завршил економски факултет. Заедно со својот роднина, реконструирал една стара семејна компанија и целосно го сменил нејзиното работење.

Џанлука во една прилика во разговор со “Business Insider” рекол дека неговиот живот се дели на два дела – првиот, кој траел до неговите 45 години и кој го нарекува “работен живот”, и овој сега.

“На 45 години сфатив дека немам повеќе што да дадам. Не ме интересира да собирам пари, сакав само да ги поместам границите на својата љубопитност”, рекол тој.