Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се веродостојни (ВИДЕО)

136
Пентагон лани објави три видеа на коишто се гледаат НЛО-а, а американската Морнарица потврди дека видеата се вистински.

Министерството за одбрана на САД потврди дека протечените фотографии и видеа од „неидентификувани летечки објекти“, направени во 2019 година, се веродостојни и автентични снимки.

– Фотографиите и видеата на објектите во форма на триаголник како треперат и се движат низ облаците ги снимил персоналот на Морнарицата – изјави за Си-Ен-Ен гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоф.

Истрагата е почната, но повеќе информации нема да бидат дадени од безбедносни причини, како што соопшти Пентагон. Фотографиите и видеата на морнарицата беа објавени од интернет-страниците „Мистери вејр“ и „Екстраординари билифс“ минатата недела, но кружат на интернет од лани.

„Последниве години, имаше голем број известувања за неовластени или неидентификувани летечки објекти, влегувања во разни военоконтролирани полигони и назначен воздушен простор“, соопшти морнарицата во 2019 година.

Пентагон лани објави три видеа на коишто се гледаат НЛО-а, а американската Морнарица потврди дека видеата се вистински.