Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференцијата соопшти дека меѓу починатите пациенти од ковид-19 има и младо женско лице.
Во врска со починатото лице министерот Филипче изјави дека има согласност од нејзиното семејство за донација на нејзините органи.
Моментално се прават потребните проверки во однос на тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето, но и на бубрезите.
Ова е изјавата на Филипче:
„Денеска има млада почината пациентка, има согласност за донација на органите од семејството, сега се прават проверки дали може да се направи трансплантација на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти и во текот на денешниот ден сѐ ќе се заврши“.
Министерот Филипче додаде и дека на овој случај ќе работат истите тимови кои работеа на претходната трансплантација која беше спроведена во Македонија.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















