Доктор открива шокирачки резултати од пушење пред спиење!

195

Постојат бројни полемики за позитивното, но и штетно влијание на кафето врз здравјето. Некои веруваат дека има корисен ефект врз организмот во умерени количини, други студии, сепак, сугерираат дека прекумерното внесување може да предизвика бројни здравствени проблеми и обично не се советува да се пие пред спиење затоа што може да предизвика несоница и раздразливост.

– Луѓето различно реагираат на кофеинот, главната состојка на овој пијалок. Ако имате забрзано чукање на срцето и одеднаш сте вознемирени, тоа може да биде знак дека сте предозирале со кафе. Кога се чувствувате така, не е ни чудо што не можете да заспиете – вели нутриционистот Роб М. ван Дам од универзитетот во Сингапур.

И што се случува кога ќе запалите цигара со кафе?
Според експертот, секоја личност треба да следи колку кофеин пие во текот на денот и како се чувствува. Начинот на живот и навиките се исто така важни.

– На пример, кај пушачите, кофеинот се обработува приближно двојно побрзо. Ова значи дека ако пушите, голема е веројатноста дека нема да влијае на сонот ако пиете кафе подоцна во вечерните часови. Генетиката исто така игра голема улога во метаболизмот на кофеинот – предупредува Ван Дам.

На пример, според нормите прифатени во САД, не се препорачува да се консумираат повеќе од 400 милиграми кофеин на ден, односно околу четири чаши. Лекарите не препорачуваат да се пие повеќе од 200 милиграми кафе одеднаш.

– Вистина е, кофеинот освежува. Но, размислете, дали ви треба? Ако нема причина да пиете кафе, тогаш не треба – вели експертот.

– Дури и ако ви се допаѓа неговиот вкус, секогаш можете да земете кафе без кофеин. Тоа нема да влијае на вашиот сон, напротив – само ќе го подобри – тврди нутриционистот.