Паднаа уште три нови трејдови во НБА лигата

846

Како што се ближи последниот рок за размена на играчи, екипите во НБА лигата се обидуваат да направат потези од кои би имале корист во блиска или во подалечна иднина.

Така веќе паднаа три нови трејдови од кои едниот е меѓу Вашингтон Визардс и Чикаго Булс. „Волшебниците“ од американската престолнина одлучија да се откажат од Ото Портер Џуниор кој од 2013 беше нивен член (избран како трет пик на драфот на првата рунда), а за возврат ги добија Боби Портис, Џабари Паркер и втор пик на драфтот во 2023 година.

Втората размена пак ја направија Мајами Хит и Феникс Санс. „Жешките“ ги испратија во Аризона Тајлер Џонсон и Вејн Елингтон, а пак го добија крилниот центар Рајан Андерсон. Меѓутоа не се очекува Елинтон да се задржи меѓу „сонцата“, односно се бара решение тој веднаш да си замине од оваа средина и да се му приклучи на тим кој е кандидат за плејофот.

Третиот кој воедно можеби е најинтересен е меѓу три клубови, Хјустон Рокетс, Сакраменто Кингс и Кливленд Кавалирс. Најзвучното име во овој трејд е Иман Шамперт кој ќе заврши во Хјустон како и Ник Стаускас и Вејд Балдвин. „Кралевите“ пак ќе го добијат Алекс Буркс, додека пак нови членови на актуелниот НБА вицешампион Кавалирс се Брендон Најт, Маркис Крис, а бонус е еден прв пик на драфтот.