Сари е се поблиску до отказ, ново име во игра за клупата на Челзи

793

Челзи е елиминиран од ФА Купот, поразени беа во осминафиналето од Манчестер Јунајтед со 2:0 и тоа на својот стадион.

Во последните четири меча во Англија имаат скор од три порази и еден триумф, го совладаа Хадерсфилд во Премиер лигата, а покрај поразот од Јунајтед во ФА Купот, доживеаја дебакл најпрво против Борнмут (4:0), па потоа и вистински срам против Сити на „Етихад“ (6:0).

Јасно е дека се во голем проблем, но Сари ништо не менува, упорно изведува речиси идентичен тим со кој ја започна сезоната, освен што сега во нападот го има Игуаин, а повремено ги ротира Вилијан и Педро, како и Баркли и Ковачиќ.

Доколку Италијанецот заработи отказ, се споменува дека Зола би можел да остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа „Сините“ би тргнале по Зидан.

Во приказната е и Френк Лампард, на кого одлично му оди на клупата на Дерби Каунти во својата деби сезона во тренерската работа, но англиските медиуми пренесуваат дека Лампард би можел да ја добие улогата на асистент на Зидан.

Сега се појави уште едно име. Имено, меѓу кандидатите за местото на Сари на клупата од „Стемфорд Бриџ“ е и поранешниот тренер на ПСЖ Лоран Блан.

Некогашниот играч на Јунајтед беше на листата на кандидати за клупата на Челзи и минатото лето, кога Конте заработи отказ, но клупата ја доби Маурицио Сари.

Блан, кој е без работа од 2016. година кога го напушти ПСЖ, па дури и гледаше неколку меча на Челзи од трибините во претходните неколку години, но Французинот има еден услов.

Тој не сака да ја преземе екипата како привремено решение, подготвен е да седне на клупата на „Сините“ доколку управата му понуди повеќегодишен договор.