Уганда ќе привлекува туристи со жени со раскошни облини

827

Уганда ја претстави својата нова туристичка стратегија која ќе се фокусира на промовирањето на “природно надарените жени” во таа земја, пренесуваат медиумите.

Државниот министер за туризам Годфреј Киванда покрена натпреварување во убавина под името “Miss Curvey Uganda” со цел да се промовира туризмот во Уганда. 

Изборот е дел од туристичката иницијатива “Tulambule” во Уганда, осмислени за да се прикажат атракциите кои таа земја ги нуди.

Листата на туристички атракции, покрај природните убавини и национални паркови сега е дополнета и со жените со раскошни облини.

Претставувањето на изборот за убавина беше одржано покрај базен во градот Кампала, а со бујните убавици позираше министерот на Киванда.

“Имаме природно убави жени со раскошни облини, а гледањето во нив е вистинско уживање. Зошто тоа да не се искористи како стратегија за промовирање на туризмот?”, рекол Киванда.

Додаде дека овој избор е поразличен од изборите на кои се натпреваруваат слабите девојки.

На изборот Miss Curvy Uganda можат да се пријават жени од 18 до 35 години, а според пишувањата на локалните медиуми, организаторката на изборот Ен Мунгома рекла дека овие манифестации ќе ја зголемат видливоста и почитувањето кон луѓето на Уганда.

“Miss Curvey е настан кој ги претставува природните облини на вистинските африкански жени. Тоа е извонредна манифестација на која младите женит ќе ги покажат своите облини и интелект”, велат организаторите.

Од друга страна, активистката од Уганда, Приморс Нјонјози Мурунги повикува овој избор да се откаже.

“2019 година е дами и господа. А, целиот туристички одбор се собрал и одлучил да покрене вакво нешто. Тие луѓе имаат деца”, напишала на Фејсбук.