Оваа славна актерка тврди дека лично го научила Бред Пит како да се бакнува: „Благодарение на мене научи сè“

739

Актерката истакнува дека токму таа го направила таков маж каков што е денес.

Ѕвездата на серијата „Downton Abbey“, актерката Елизабет Мекговерн раскажала како токму таа го научила Бред Пит како да се бакнува и таа го направила таков маж каков што актерот е денес.

Тие двајца заедно глумеа во филмот „The Favor“ od 1994 година, а на големото платно имаа страстен бакнеж.

58-годишната актерка во емисија која што ја водела Кели Кларксон проговорела за времето кое што актерите заедно го поминале на сетот.

Кога Кларксон ја прашала дали некогаш го бакнала Бред Пит, Мекговерн истакнала дека тоа го направила поради работата.

„Каква прекрасна работа! Постојат и погрозни работи за да заработиш за животот. Го направив човек каков што е денес, сè научи благодарение на мене“, изјавила актерката во таа емисија.