Поранешниот ТВ водител, а сегашен јутјубер, Стефан Лазаров, во ниеден момент не го остава празен својот јутјуб канал, па ако нема интервјуа со познатите македонци во неговиот автомобил, тогаш тоа е во студио, ама најбитно за него нема мирување кога перманентноста е во прашање.
Овој пат, гостинка во неговото Лазаров шоу му беше екс-тв колешката Миа Костова која како и секогаш не се штедеше и без влакна на јазикот му ги одгвараше прашањата на Лазаров.
Особено скокотлив беше моментот од рубриката „Луто пиперче“, каде Стефан ја праша Миа дали е подобар сексот со маж или со жена.
ФОТО:ЛАЗАРОВ ШОУ/ПРИНТСКРИН ЈУТЈУБ
За сексуалната одриентација на Миа досега многупати се коментирало, шпекулирало, пишувало во медиумите и чаршијата, но иако не е од оние што кријат детали од својата приватност, Миа речиси никогаш немала дециден одговор.
Овој пат, не ја прашаа за статусот во љубовниот живот, туку за тоа дали сексот е подобар со маж или со жена, на што таа имаше конкретен одговор.
-Зависи во какво расположение си, но ќе се сложиш со мене дека жена е жена, кажа Миа како од пушка, а Лазаров продолжи со прашањето:
Кое е најсекси место каде имаш тетоважа?
-Меѓу градите –срце- вели Миа Ксотова.
ФОТО:ЛАЗАРОВ ШОУ/ПРИНТСКРИН ЈУТЈУБ
Како изгледаше целоснот интервју погледнете од видеото на Лазаров шоу:



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















