ТВ21 од неофицијални и сè уште непотврдени извори на ДУИ дознава дека меѓу раководството на ДУИ се споменуваат следните имиња за министри кои се уште се неофицијални поради фактот што Ахмети составот треба да го претстави пред централното раководство на партијата, вечерва во 18 часот.
Според истите извори, Ахмети овој пат со мали консултации, но во најголем дел сам одлучувал за новите министри за разлика од претходните пати кога предлозите за министри доаѓале директно од ограноците на ДУИ.
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – Ширет Елези
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби
Дека партијата го добила Министерството за надворешни работи потврди и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби. Тој на социјалната мрежа „Твитер“ сподели објава на министерот за европски прашања на Албанија, Гент Цакај во која пишува: Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја!
И во наредните четири години претседател на законодавниот дом останува Талат Џафери од редовите на ДУИ. Џафери во неговиот последен настап, рече дека за тоа дали тој ќе остане собраниски спикер одлучува јавноста.
100 дена пред следните парламентарни избори, ДУИ ќе раководи со Владата која веќе нема да биде техничка. Дел од Владата е и Движењето Беса од коалицијата „Можеме“. Таа ќе раководи со Министерството за земјоделство на чело со Арјанит Хоџа.
СДСМ ќе ја предводи новата Влада, премиер останува Зоран Заев, а партијата ќе раководи со Министерството за одбрана, за внатрешни работи, за здравство, за правда, за транспорт и врски, за труд и социјална политика, за образование, за локална самоуправа и со ресорот култура.