„Netflix“ со одлична вест за филмоманите: Секоја седмица ќе објавува нов филм до крајот на 2021 година

65

„Netflix“ ветува дека ќе се обиде да не забавува оваа година. Стриминг платформата вчера објави дека има план секоја седмица да објавува нов филм, во следните 12 месеци.

Листата на филмови го вклучува вестерн филмот „The Harder They Fall“ во кој се појавуваат Реџина Кинг, Идрис Елба и Џонатан Мејорс, а Лин Мануел Миранда и Хали Бери премиерно ќе дебитираат со „Tick, Tick… Boom!“ и „Bruised“.

Ова се само дел од уметниците во ѕвездената постава која ги вклучува и Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо, Мерил Стрип, Гал Гадот, Двејн Џонсон и Рајан Рејнолд, пренесува „CNN“.

Аријана Гранде се појавува заедно со Лоренс, Ди Каприо, Стрип и Тимоти Шаламе во филмот „Don’t Look Up“.

Веста доаѓа во момент кога се затворени кино салите ширум светот поради пандемијата на коронавирусот, а многу филмови се преместени за гледање на стриминг услугите.